Vondle е уникатен во ценовниот и лиценцниот модел. Лиценциран е со годишна претплата, без оглед на бројот на проекти или корисници на системот кои ги имате.
Пресметајте ја вашата цена
Цената се состои од два параметри:
1. Типот на индустрија
2. Големината на вашата компанија
Базирано на долгогодишно искуство
Цената на Vondle се базира на долгото искуство на Bricsys. Постои разлика во употребата во зависност од индустриската активност на корисникот. Статистички архитектонска канцеларија со 150 вработени има сличен број на проекти како и изведувач со 5000 вработени. Врз база на статистички податоци Bricsys разви пресметувач кој ви овозможува да ја пресметате годишната цена на Vondle.
Ниска цена за почеток
Има попуст за првата и втората година, за да ги задржите трошоците за стартување на Vondle на прифатливо ниво. Времето на завршување на поголемите проекти денес е во просек три години, значи за три години, сите проекти ќе бидат на Vondle. Такашто првата и втората година се со попуст како што ќе видите и самите од пресметката.
Годишна претплата
Системот за лиценцирање на Vondle се базира на годишна претплата - стартува многу ниско и еволвира во основната цена во период од три години - уникатно за индустријата. Многу од системите за менаџирање со проекти наплаќаат по проект или системот на цена е базиран на бројот на корисници.
Двата параметри се контра-продуктивни за интегрирање на секојдневната работа. Ако цената се зголемува по корисник или со секој нов проект, ќе го користите само за големите проекти, додека нашето искуство покажува дека системите за проект менаџирање нудат максимална ефикасност кога се имплементирани 100% во организацијата.
Прашања?
Ако имате прашања за цената на Vondle, секогаш можете да го контактирате Bricsys. Ако не сте сигурни каков тип на организација да изберете или вашиот тип на активности не е во листата, ве молиме контактирајте го Bricsys и накратко објаснете ги активностите на вашата компанија и бројот на вработени. Ние ќе ви испратиме персонализирана понуда за вашата компанија.






